Наслов

Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б, УЕФА А тренерска диплома

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа: УЕФА Б и УЕФА А.

Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи:

За УЕФА Б Курс:

- Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош

- Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или потврда од ОФС каде клубот е регистриран

- Најмалку средно образование, копија од диплома за завршено средно образование

- Лекарско уверение за задоволителна здравствена состојба,

- Уплатница за прва рата од чинење на курсот во висина од 100 евра во денарска противвредност.

- Кратка биографија

- На барањето задолжително да се наведат телефон и мејл за контакт.

За УЕФА А Курс:

- Да поседува валидна УЕФА Б диплома, да достави копија, (доколку тренерот го завршил УЕФА Б Курсот а не ја подигнал дипломата, да се обрати во Центарот за Едукација на ФФМ).

- Да има најмалку 2(две) години работно искуство како тренер носител на УЕФА Б Диплома и тоа:

1. Најмалку 1(една) година како Шеф на стручен штаб во Втора МФЛ или асистент тренер во Прва МФЛ, потврда од клуб.

2. Најмалку 1(една) година шеф на стручен штаб на младински екипи кои се натпреваруваат во Супер лига на ФФМ, потврда од клуб.

3. Или 4(четири) години професионален ангажман како фудбалер или настапи во А репрезентација, потврда од клуб или ФФМ

- Лекарско уверение за здоволителна здравствена состојба

- Картка биографија

- Уплатница за прва рата од чинење на курсот во висина од 200 евра во денарска противвредност.

- На барањето задолжително да се наведат телефон и мејл за контакт.

НАПОМЕНА: Претходно пријавените кандидати за УЕФА А диплома, не треба да се пријавуваат повторно.

Сите горенведени уплати по основ уплата за одреден курс, да се вршат на жиро сметка на ФФМ:

300000001599760, Комерцијална Банка

Примач: ФФМ – Скопје

Цел на дознака за курсот за кој се пријавувате

Сите приложени потврди за тренерски стаж се проверуваат во Комет системот на ФФМ каде тренерите се регистрирани и доколку истата не соодвествува со податоците во Комет системот, нема да биде прифатена.

Документите да се достават во архива на ФФМ до 30.09.2017, по завршување на овој рок и формирање на групите, Центарот за едукација ќе ги одреди термините и местото на одржување и ќе прати известување до пријавените кандидати.

Повеќе информации можете да добиете на: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk

Со почит,

Центар за Едукација на ФФМ

07 Септември 2017

За авторот