Здраво секојдневие и начин на живот

Фестивал на Органска храна 2014

Град Скопје со големо задоволство го најавува Фестивалот на Органска Храна, кој годинава по четврти пат ќе се одржи на 31-ви Мај во Скопје, во Хипериум Бизнис Центарот (МИДА Моторс). Програмата ќе стартува од 10.00 часот и ќе трае се до 16.00 часот.

Настанот ќе го отвори Градоначалникот на град Скопје, г-дин Коце Трајановски.

Фестивалот има за цел да го промовира користењето на органската храна како важен сегмент од секојдневната  исхрана на човекот.  За таа цел ќе се зборува за сите предности кои ги носи користењето на органската храна, за Вашето здравје и здравјето на Вашите најблиски.

Програмата вклучува јога работилници за деца и возрасни, работилници со наши познати нутриционисти околу здравиот начин на исхрана, воспоставување на баланс помеѓу телото и умот. Во изложбениот дел на фестивалот ќе имате можност да видите и вкусите од производите на повеќе од 10-тина органски производители и компании кои нудат здрава исхрана.

Бидете дел од овој еднодневен настан, со музика, активности и едукација да исполните едно Ваше саботно секојдневие.

За здравје.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија