Наслов

Факти за северното лице

Од причината зошто The North Face се вика токму The North Face, до почетокот на фирмата кој не бил на планина туку на плажа и дизајнот на логото кое не претставува плажа туку карпа..

The North Face, Inc. е американска компанија која е специјализирана во производство и дизајнирање на outdoor облека, разни „лејери" (софистицирани ѕиври), кошули, чевли, ранци, шатори, вреќи за спиење и што ти уште не.

Името The North Face е избрано бидејќи северната страна на планините во северната хемисфера се генерално најстудени, најнегостопримливи и најтешки за качување, а целта на фирмата е да произведе опрема која би можела да помогне во освојување на овие линии.

Фирмата е основана во Сан Франциско, 1968 година и иако денес, најмногу од продуктите се наменети за планинарење, трекинг и хајкинг таа е зачната на плажа. Во 1966, страсните алпинисти Даглас и Кенет, основачите на The North Face, отвораат мала продавничка за планинарска опрема на плажата во нивното маало. Денес, тие се тие се едни од најпознатите лидери во оваа бранша.

Логото е интерпретација на Half Dome (слика горе) во Националниот парк Јосемити, карпеста формација која е висока 1,444 метри од дното на долината. Во 1865 година, карпата е прогласена за целосно невозможна да се искачи, но во 1875 година Џорџ Андерсон успева да го направи овој подвиг.

Денес, илјадници алпинисти ја качуваат оваа насока, како и многу други алпинистички северни, западни, источни и јужни страни на планини, токму со оваа опрема.

04 Март 2013

За авторот