Езофагогастродуоденоскопија – дипл. физ. Sci Денис Арсовски

Езофагогастродуоденоскопијата претставува ендоскопски преглед, со кој се овозможува испитување на детали на слузницата на горниот дел на гастроинтестиналниот тракт.
Се изведува со помош на ендоскоп со мал дијаметар преку устата во желудникот, дуоденумот, езофагусот.

Индикации за езофагогастродуоденоскопијата:

Абдоминална болка;
Гадење;
Повраќање (Vomitus);
Металоиди;
Подригнување;
Тежина во стомакот;
Губење на апетит;
Губење на тежина;
Дијареа;
Болки при голтање;
Болка во градите;
Болка во горниот дел на стомакот;
Лош здив;
Кисело или горчливо чувство во устата;
Хронична кашлица;
Хронични цревни заболувања и др.

 

Со развојот на оваа дијагностичка постапка се овозможува рано дијагностицирање на:
– Гастричен улкус;
– Дуоденален улкус;
– Полипи на дебелото црево;
– Рак било каде на дигестивниот систем (Во Македонија еден од најчестите е рак на желудникот).

Предности на Езофагогастродуоденоскопијата:

Овој метод е супериорен во однос на испитување со Х зраците, и тоа при
воспалителни промени на слузницата, при откривање на улкуси и
тумори (може да се изврши увид на мукозните тела и да се земе брис за хистопатолошки преглед ако е потребно – биопсија – за да се прецизира дијагнозата и да се исклучат онколошките можни процеси).

Контраиндикации за Езофагогастродуоденоскопијата:

Тешка состојба на пациентот;
Ментална болест;
Зарасни болести;
Акутни хируршки болести;
Значително стеснување на хранопроводот;
Срцева слабост;
Миокарден инфаркт;
Состојби после мозочен удар;
Тежок облик на хипертензија;
Изразени атеросклерозни појави;
Медијастинални тумори;
Хемангиом;
Хемофилија;
Езофагеални варикозитети.

Подготовка на пациентот:

Методата се извршува исклучливо на празен стомак, обично во утринските часови се закажува прегледот. Доколку прегледот е попладне, на пациентот му е дозволен внес на лесна храна, никако млечни производи. Пред испитувањето пациентот не смее да пуши цигари, дозволено е мали количини на вода, меѓутоа треба да се напомене на докторот. По прегледот пациентите не треба да пијат или јадат 10 минути.
Доколку е извршена биопсија, по биопсијата пациентите не треба да консумират премногу топла или ладна храна. Пред почеток на на извршување на постапката, на пациентот се дава локална анестезија или интравенски медицински лекови за релаксација на трупот.
Се изведува во лежечка положба, пациентот е свртен на левата страна и ендоскопот се воведува нежно преку устата и тој не го попречува актот на дишење. Постапката трае 1,5 – 2 минути. По прегледот, пациентот може да има тегоби во стомакот, чувство на воздух во стомакот, грутка во грлото, меѓутоа тоа исчезнува со завршување на анестетикот. Езогагогастродуоденоскопијата изведена од стручно квалификувано лице ретко доведува до компликации. Најчести минимални компликации се мала болка и непријатност во грлото.

Сериозни компликации настануваат на 1 случај од 1000 пациенти, тоа се:

Крварење;

Перфорација;

Кардиопулмонални проблеми.
Аспирациона пневмонија.

Подготвил: Дипломиран физиотерапевт, специјалист по рехабилитација во хирургија, ортопедија и травматологија ДЕНИС АРСОВСКИ.