Екологика

Наслов

#ЕЛКАМК - македонските рециклирачки џедаи

Твитерското движење #елкамк кое има мисија да инспирира поголемо рециклирање на нашиве простори, оваа година имаше тешка но џедајски успешна акција во создавањето на третата елка од пластични шишиња.

 

Како пример дека креативноста е заразна при правење благородни работи е #елкамк, твитерското движење кое е започнато во 2011та со правењето на првата елка од пластични шишиња, инспирација добиена од едноставен твит но доволен за активирање на група креативни твитерџии кон потикнување поголемо рециклирање кај нас.

Оваа година мисијата за правење на елката започна на зелената трева во паркот на франкофонија, а заврши со снежната покривка и ладниот ветер кој сакаа да ја тестираат упорноста на рециклирачите.

Но тајниот џедајски напиток и останатите намирници за одржување на моралот успеаа да ги одржат „стоплени“ и неуморни да ја завршат мисијата за создавање на пластичната елка, која ќе биде купена од Пакомак, а финансиите ќе бидат донирани за Томе Кириази (#затоме), нашиот млад гениј кој има голема потреба од финансии за да продолжи со своите одлични научни достигнувања.

фото од @KocevZ

Во новата година посакуваме многу повеќе вакви екологични и благородни акции за кои имаме само една порака - „may the force be with you добри луѓе“

30 Декември 2014

За авторот