Елиуд Кипчоге во нов обид за маратон под 02:00 часа

Светскиот рекордер во маратон, Елиуд Кипчоге, повторно ќе се обиде да стане првиот човек во историјата кој успеал да ја истрча маратонската должина 42,195м за време побрзо од два часа.

Виена, Австрија, е местото каде што овој oктомври светскиот и олимписки првак Елиуд Кипчоге по втор па ќе се обиде да истрча маратон под магичната граница од два часа. За светскиот рекордер ова ќе биде втор ваков обид по оној во Монца во 2017 година но за разлика од тогаш овојпат Кипчоге ќе трча во градска средина, на кружна патека на која ќе има публика.

Виена е изборот на организаторите бидејќи таа има речиси совршено рамна патека. Патеката ќе биде кружна со должина на еден круг од 9.6км. а Кипчоге ќе треба да истрча 4.4 круга во обидот да го побие тврдењето дека човекот нема потенцијал за маратон под два часа.

За разлика од Монца кога спонзор на настанот беше Најк, овојпат како покровител се јавува британскиот хемиски гигант ИНЕОС. Дали Кипчоге ќе успее да биде побрз за 26 секунди од “трката” во Монца останува да видиме, во секој случај овој кенијски суперстар во овој момент е единствениот човек на планетата кој воопшто размислува на темата маратон под два часа и кој бил многу блиску до таа цел.
Да се потсетиме дека Кипчоге е актуелен светски рекордер во маратон. Тој своето најдоро постигнување го оствари во Берлин во 2018 година кога истрча 02:01:39 часа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија