Ел Локо се враќа на сцена

Колумбиската голманска легенда не го заборавил својот препознатлив луд трик, кој ако било кој голман го направи за чалам на некоја важна утакмица 100 процентно добива шут-карта од менаџерот.

Ударот „шкорпион” беше измислен од колумбискиот голман Рене Хигуита кој прв пат го направи на пријателскиот натпревар на Вембли против Англија. Иако сметани за помалку луди, ниеден од голманите оттогаш наваму не се обидел да го направи потегов повторно (поготово не во регуларен натпревар). Епа Ел Локо се враќа на сцена!

Времето успеа да го стигне 43 годишниот голман кој реши да се повлече од фудбалот. Во негова чест беше одигран и ревијален натпревар во неговиот роден град Меделин каде Хигуита играше во дресот на Атлетико Национал покрај бројни фудбалски икони како Карлос Валдерама и Фаустино Асприла.

Ел Локо на овој натпревар успеа да го рекреира својот голмански шкорпион повторно после 15 години и да стави печат на својата кариера влегувајќи во фудбалската историја.