Една десна е подобра од две леви!

Кој рекол дека ако по природна грешка на мајката природа, се родиш без една рака, нема да можеш подобро да играш баскет од децата кои имаат две! Детето Зак, од средното школо Милтон, Џорџиа го докажува „невозможното” најверојатно затоа што има една десна, а не две леви раце.

Зак Хопкинс, 188cm високиот кошаркар на средното школо Милтон, се натпреварува и издвојува одлични резултати заедно со неговиот тим во американската колеџ лига и покрај тоа што има само една рака. Без разлика на неговиот очигледен хендикеп тој е примен во тимот на колеџот Милтон поради тоа што покажува неверојатни кошаркарски способности кои се далеку подобри од неговите соиграчи.

Зах бил роден со една рака, но тоа никогаш не го спречило да игра кошарка.

Ова треба да биде мала мотивациона статија за сите оние наши млади и недокажани таленти кои мислат дека не ги бива. Само многу труд, посветеност и истрајност може да ве доведе до пиедесталите!