Бесплатно пријавување, дружење и подароци на најновиот велосипедски караван, Скопје на точак

Наслов

Еден круг низ градот?! – Пријави се на Скопје на точак

Скопје знае за велосипеди. Некои велат дека во 1960-те години секој втор граѓанин имал велосипед. За да се врати тоа време, потребна е наше почесто користење на ова превозно средство. Затоа, во недела на 11.11.2018 во 11.00 часот во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје ќе се одржи велосипедски караван кој нема натпреварувачки карактер.

Секој е поканет да се пријави на http://www.sportskopje.mk/skopjenatocak. Учеството е бесплатно и ќе се вози со диктирана брзина од 20 километри на час. За да се вози на велосипед на овој настан секој мора да е пријавен и да го подигне своето стартно бројче. Агендата е следна:

  • 11:00 - 12:00 поделба на стартни броеви - лепенки за велосипед (пред фонтана Лотос на бул. Илинден)
  • 12:00 Старт на караванот
  • 12:30 Крај на караванот
  • 12:35 - 13:00 Лотарија
  • 13:00 - 13:30 Велосипедски дружења

Стартот на Скопје на точак е од Булевар Илинден кај фонтаната Лотос со правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица Љубљанска и се вози по ул. Московска до Студентскиот дом Гоце Делчев. Кај домот се врти лево по улица М. Т. Гологанов и се вози право до Католичка црква. Од таму се продолжува по М. Т. Гологанов, па по улица Димитрие Чуповски, потоа право по бул. 11 Октомври до семафорите кај Црвен Крст каде се врти лево по бул. Кочо Рацини. Таму се вози преку мостот по бул. Крсте Петков Мисирков. На семафорите кај Мавровка се врти лево и се вози по бул. Гоце Делчев, преку мостот Гоце Делчев, се приклучува на бул. Илинден и се доаѓа на стартот, кај Фонтаната Лотос во Градски парк.

Во лотаријата има неколку награди, како велосипеди и велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови. Повеќе информации има на: http://www.sportskopje.mk/skopjenatocak

Пријавувањето е отворено и завршува во сабота, 10 ноември 2018 година, во 23.59 часот.

Бидете дел од историјата на Скопје и поставете го темелот на неговата иднина!

06 Ноември 2018

За авторот