Џони Вајсмилер – Тарзан
Џони Вајсмилер (Johnny Weissmuller) е роден како Јанос Вајсмилер (Janos Weissmuler) во околината на Темишвар во Романија (Банат-Србија). СПОРТИСТ – ПЛИВАЧ, АКТЕР – најуспешниот интерпретатор на главната улога ТАРЗАН во филмовите изработени според романите на Едгар Рајс Бароуз.
+ Оваа година се навршува 110 години од неговото раѓање (2 јуни 1904 год.);
+ На 20-ти јануари годинава навршија 30 години од неговата смрт (1984г);
+ Вкупно 5 златни олимписки медали (3 златни на Олимпијадата во Париз – 1924 и 2 златни во Амстердам – 1928) и бронзен во ватерполо;
+ Неверојатни 67 пати соборени светски рекорди;
+ 52 победи на Американските национални првенства;
+ Големиот Џон (Big John) како му беше прекарот е првиот човек кој препливал 100 метри за помалку од една минута (58,6 секунди) во слободен стил;
+ Џони е шести, но најуспешен глумец кој го игра ТАРЗАН во 12 филмови;
+ Висок е 1.91 сантиметри;
+ Имал вкупно 6 (ШЕСТ) бракови – за машала;
СО ПОЧИТ, ЗА ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВАТ ЛЕГЕНДИТЕ НА XX ВЕК.