Освоен градот на поезијата

Два златни медали за Идризи на Струга Опен 2013

Балканскиот шампион Абдурахим Идризи одлично ја започна новата натпреварувачка сезона. Тој на меѓународниот турнир “Струга Опен 2013” кој се одржува во градот на поезијата ги освои двете први места во двете дисциплини, кати и кумите.

Во дисциплината кати Абдурахим едноставно беше незапирлив каде што имаше одлична изведба на три мајсторски кати (Enpi, Unsu и Kankusho) и со чист максимален резултат ги доби мечевите, а во кумите имаше три прекрасни борби каде што во полуфиналето победи со 5-0 а во финалето имаше сигурни 3-0.