Наслов

Две први места за Македонија на Јахорина Треил

Изминатиот викенд на 30.07.2017 на Јахорина се одржа третото по ред издание на трката во планинско трчање Јахорина треил. Македонските претставници имаа одличен настап, а Марјан Бонев и Милева Мартина го освоија првото место во своја категорија.

Наши претставници имаше на сите четири дистанци, а најголем успех е постигнат на патеката од 34 км со вкупно висинско искачување од 2104 метар т.н. Миди Треил, каде со време од 5:08:00 Мартина Милева го освои првото место.

На истата патека прво место во машка конкуренција освои и Марјан Бонев со време од 3:53:52, а следниот ден застана и на вториот подиум на трката од 14км, на само 4 минути зад првопласираниот Алија Имамович од БИХ.

Учесници на Миди Треил беа и Димитар Тодоровски и Филип Тодоровски, а на останатите дистанци учество земаа Игор Јовановски на трката од 69 километри со вкупно 2762 метри висинско искачување и Александар Симјаноски, Љубиша Андреич и Горан Поповски на најдолгата дистанца од 104 километри 4100 м+.

31 Јули 2017

За авторот