Две години играње играчки со Ред Бул

Дени МекЕскил, протагонистот во видеово, две години си игра играчки заедно со Ред Бул со снимањето и монтирање на ова филмче. По скорешната премиера, имаше лавина позитивни, ама и негативни реакции, па бујрум, погледнете си сами и одлучете.

 

Во него се прикажува имагинарниот свет во главата на детето (Дени) во кој вози и изведува трикови на џиновски боици, гумички, па и тенкови.

Oвде може да ја ѕирнете малата фотосторија од снимањето.