Два македонски филма на затворањето на ЕХО2016

Денска од 19 часот во киното Милениум ќе започне програмата од последниот ден од овогодинашното издание на планинскиот филмски фестивал ЕХО. На репертоарот се два филмови од домашна продукција, прикажување на аматерски видеа како и нивна финална селекција и два странски проекти. 

 

Со старт во 19 часот ќе се проектира македонскиот филм К4 – Првото повторување на Зоран Мајсторски кој го обработува првото повторување на насоката К4 на Матка направено од македонските алпинисти Надир Мурсели и Зоран Мајсторски. Првото искачување пак на оваа насока е направено од словенскиот алпинист Павле Козјек и македонецот Панче Георгиевски уште во 1982 година.

Како втор филм од домашната продукција следи ВИА EГНАЦИJА на Бојан Ранташа кој следи група на велосипедисти кои се впуштаат во авантура за пронаоѓање на 2200 години стариот римски пат Виа Егнација.

Во следниот дел од фестивалот ќе се одберат победниците за најдобро аматерско видео и фотографија, а затворањето ќе биде направено со два странски филмови ТОМ на Анхел Естебан/Елена Гоатели и ВОЗАЧОТ И ВОЛКОТ на Нејтан Ворд.

Повелете на финална дружба во киното Милениум.


 

Програмата за четврток 20.10

19:00 К4-ПРВОТО ПОВТОРУВАЊЕ – Македонија, 2016, Зоран Мајсторски, 25′
19:25 ВИА EГНАЦИА – Македонија, 2016, Бојан Ранташа, 48′
20:13 Прогласување на победници од жирито, 25′
20:48 ТОМ – Италија, 2015, Анхел Естебан/Елена Гоатели, 67′
21:55 ВОЗАЧОТ И ВОЛКОТ – САД, 2015, Нејтан Ворд, 62′

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија