Наслов

Два бронзени и едно петто место за младите кик боксери

Од светското јуниорско кадетско првенство Македонските кик боксери се враќаат со 2 бронзени медали освоени во лоу кик дисциплината И 1 петто место во кик лајт дисциплината.

Остварувањето е 100% во лоу кик дисциплината, а на целата Македонска репрезентација 50 % што е забележителен успех.

Бобан Илиоски - 71 кг. се закити со бронза откако во полуфиналната борба се сретна со Грегори Садрик Ганс од Јужна Африка и загуби на поени. Младиот Илиоски кој е перспективен и надежен кик боксер мораше да се задоволи со бронзената медала.

Нашиот втор кик боксер во лоу кик дисциплината Хадис Рамадани -67 кг исто така мораше да се задоволи со бронзената медала по поразот од српскиот кик боксер Данило Раткич.

Иако без медали Марија Божиноска + 70 кг и Марио Додевски -69кг кики лајт дисциплината оставија одличен впечаток.
Божиноска го освои 5 то место, а Бонито Вито Лоренцо од Франција стана светски шамион со кого Марио Додевски се сретна на самиот старт на ова светско првенство.

14 Септември 2014

За авторот