Идризи повторно прв НА ГРАНД ПРИ КРОАЦИЈА 2015

Наслов

Двојна круна и историска петта титула во Хрватска

На 17-18 Јануари 2015 во Самобор Хрватска се одржа еден од најпрестижните карате турнири, 24 по ред „ГРАНД ПРИ КРОАЦИА 2015“. На овој турнир учествуваа 1700 натпреварувачи од 2014 клубови преставувајќи 23 држави.

На овој голам настан во рамките на К.К. „Форца“ учествуваше и двократниот балкански првак Абдурахим Идризи кој се закити со два златни медали, и тоа во дисциплината кати во катедорија млади кадети, каде што во силна конкуренција успеа во 5 наврати да ги совлада своите противници и тоа прваците на Хрватска и Словенија, двајца Италијани и претставник од Хонг Конг.

После овој исцрпувачки настан, тој продолжи со натпреварите во кумите и млади кадети -36 кг и тука во 4 наврати совладувајки представници од Босна и Херцеговина и Словачка и повторно да се искачи на пиедесталот со златен медал.

Треба де се напомене дека според зборовите на организаторот, предходно само еден натпреварувач успеал да освои 4 титули по ред за 4 години, а после овој турнир Идризи влезе во историјата на овој престижен турнир освојувајќи 5 титули за 4 години.

19 Јануари 2015

За авторот