Наслов

DUMONT CUP

Пред три години професионалната скијачка атлета Симон Думонт ги спои парк скијањето со Big Air скокови и стигна до својот втор проект под заштитната капа на кој друг ако не Ред Бул во потпишаните серии или уште попознати како "Signature Series".

Думонт Куп е комбинација од парк скијање (рампи, рејлови, грајнд боксови) и Big Air скокови од 10 до 25 метри. Оваа дисциплина во сноубордингот е позната како "Slopestyle" каде што натпреварувачите ги изведуваат своите добро извежбани скокови и трикови а за резултатот се задолжени судии кои оценуваат стил, движење во воздух, избор на трикови и нивна тежина за изведба ... Но тука станува збор за скијачи!  

Најинтересно е тоа што после олимписките игри во Ванкувер 2010 на барање на скијачката и сноуборд федерацијата, МОК ја вклучи оваа дисциплина за следните зимски игри во Сочи 2014. Сите овие неверојатни момци кои се стремат да ги освојат бараните олимписки бодови даваат се од себе на ова натпреварување. Од различна возраст, различни страни на светот сите со еден стремеж .. Највисокото место на подиумот. 

Погледајте ја оваа ТВ репортажа од Думонт Куп и изберете си го својот фаворит и видете дали тој ќе успее да стигне до Сочи. 

 

Мојот личен фаворит е Torin Yater Wallace за кој што ќе споделиме збор два во наредните стории. 

18 Декември 2012

За авторот