Другарството помеѓу точакот и леќата

Ок, ни тргна периодов со велосипедизам, крос кантри возење и фоткање на фините моменти во шума и на отворено, па еве едно прекрасно кратко филмче за другарството кое се има развиено помеѓу еден не толку професионален велосипедист и фотограф.

Матијас пред 15 години започнува да фотографира маунтинбајкерски работи. Иако нема појма што прави, тој го наоѓа Јане (со финско презиме, не на ски) кој исто така не знае апсолутно ништо повеќе за МТБ од возење на точак.

После долг временски период и супер соработка на база на другарство, двајцава имаат направено импресивна количина на дела, меѓу кои 30 фотографии за насловни страници на сериозни спортски магазини.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија