Дремката е излезена од рајот

Човекот е еден од ретките видови цицачи кој својот сон не го дели на неколку фази. Најголем дел од припадниците на фамилијата цицачи (85%) спијат во неколку кратки интервали во текот на деноноќието. Дали тоа значи дека дремката за човекот е неприродна и контрапродуктивна?- Напротив!

Деновите во кои дремката беше поврзувана со мрзливост се минато. Науката ни го покажува токму спротивното. Првенствено истражувањата на оваа тема покажуваат дека луѓето кои имаат дремка во текот на денот се токму оние кои биле најпродуктивни и второ во периодот по дремката истите тие се далеку “поприсутни” во остатокот од денот. Но ајде прво да видиме што подразбира дремката.

Под дремката не мислиме на спиење по обилниот ручек во времетраење од 3 часа и будење за време на вечерата. Под дремка се подразбира кратко заспивање кое трае најмногу половина час. Можеби на прво читање ова изгледа како премалку време, но се повеќе од половина час значи и губење на позитивните придобивки од дремењето.

Еве некои од нив:

Зголемена продуктивност и алертност

Спроведени се безброј истражувања на оваа тема. Во една од тие истражувања биле набљудвани 50 хирурзи и медицински сестри кои во својот работен ден имале планирана дремка од 25 минути. За разлика од своите колеги кои ја немале оваа привилегија, дремкачите во остатокот од денот имале далеку помал замор, поспаност, падови на продуктивноста и зголемена брзина на работа.

Го штити срцето
Дремката докажано го штити вашето срце и го намалува крвниот притисок. Тоа е заклучукот од истражувањето на кардиологот Манолис Калистрато. Тој во своето истражување исто така заклучил дека крвниот притисок опаѓал дури и кај луѓето кои дремката ја очекувале.

Подобрена меморија и клеточна заштитаДремењето може да ја подобри меморијата и преку надополнување со сон во текот на денот да ги заштити нашите органи од клеточно оштетување кое често е последица на недостатокот на сон и хроничен замор.

Го намалува стресот и го подобрува имунитетот
Секојдневието во кое живееме е прилично стресно. Често пати работите ги доживуваме потоплно поинаку кога сме изложени на постојан стрес. Оттаму кратката дремка од половина час покрај тоа што клеточно не подмладува, таа и во значителна мера го намалува стресот. Во исто време сето тоа допринесува за подобрен имунитет и хормонална рамнотежа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија