Докторе, препиши од тоа „точакот“

Исто како што нашиот тим беше во можност да го осети на своја рака „Рецептот за здравје на една нација“, иако во Холандија не им требаат пусулчиња од доктори, властите на Бостон во соработка со нивниот градски медицински центар оваа недела ја започнаа новата програма која ќе им овозможи на лекарите да препишуваат „рецепт“ на одреден дел од популацијата за поевтино користење на јавните велосипеди.

Програмата, именувана како Prescribe-a-bike е иницијатива која што на посиромашната класа на луѓе ќе овозможи полесен и поевтин пристап за користење на јавните градски велосипеди, но со претходно препишан „рецепт“ од нивниот матичен доктор.

  • „Прекумерната дебелина е важен и загрижувачки фактор во цела Америка, па и во Бостон, особено помеѓу пониската класа, а редовното вежбање е клучот во борбата со овој лош тренд. Тука влегува програмата Prescribe-a-bike која што ќе биде важен начин на кој што медицинските лица ќе делуваат стимулативно на пациентите“. – вели Кејт Валш, директорот на медицинскиот центар во Бостон. 

Популацијата на луѓе кои имаат помали годишни примања, отсега ќе бидат во можност преку рецептот да ја добијат годишната членска карта за изнајмување на велосипедите од програмата Hubway за само 5 долари, нешто што инаку чини 85 долари.

Вклучувањето пак на медицинското лице, односно докторот во целата игра е тотално непотребно, но сепак е таму поради соодветна причина. Докторскиот совет отсекогаш имал некоја повисока психолошка димензија во очите на пациентот, па со ова се очекува понудата која доаѓа од страна на медицинското да биде поголем стимул за прифаќање на идејата од страна на пациентот.

На оние кои ќе бидат вклучени преку оваа програма ќе им биде овозможено користење на велосипедите до 30 минути, но на неограничен број пати во текот на годината. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија