'Bananaman' кога неможеш како 'Superman'

Добро и Релаксирачко Утро

Уште едно интересно и опуштачко видео. Овојпат од преубавите плажи на Грција. Море исполнето со НИШТО. Правилно релаксирање на телото и внатрешниот дух.

Честопати луѓето изборот за место за одмор или за викенд го бираат да биде некое убаво забавно место. Некој за да се одстрани од обрврски, некој бара забава, некој друштво, а некој одмор.

Но, ни се случува да се вратиме поуморени одколку што сме биле. Секогаш ќе има ново место за забава, нови луѓе за дружење, нови обврски кој тежат, но не секој пат имаме или знаеме да одвоиме време за самите себе.

Не ја потценувајте силината на водата. Дали на базен, езеро или море, таа може да ве опушти и релаксира, но воедно и зајакне и да ви го подобри животов. Солената вода е и лековита, па така пливањето и одморот се комбинација која не се заменува со ништо друго.

Следниот пат кога ќе влезете во вода, нека ви текне на ова, останете малце подолго, одвојте време за вас, вашето тело и ум.