До каде е велосипедската ренесанса?

Copenhagenize го објави извештајот, односно индексите за најфрендли точкарски градови низ целиот свет за 2013 година.

Овој април, Copenhagenize Design Co. го објави овогодинашниот извештајот за светските градови каде е најдобро да си велосипедист. Извештајот за 2011 година наиде на позитивни реакции бидејќи им послужи на светските метрополи во поправање на одредени грешки и правење на исправки кога станува збор за нивните еко-френдли граѓани.

Оваа година, повторно беа објавени индексите за да се види како тече велосипедската ренесанса на светско ниво. Доделувани беа од 0 до 4 поени низ 13 различни категории за секој град. Во категориите спаѓаа инфраструктура, велосипедска култура, урбано планирање, политика итн. Потоа се доделуваат и бонус поени за особено импресивни напори и резултати и се добива индексот за одреден град.

Амстердам и Копенхаген повторно беа доминантни и го заземаа првото и второто место на листата, но тука се и останатите европски метрополи како Берлин на осмо место, Даблин деветто, Барселона и Париз на 13тото.

Еве ги првите 14, а за повеќе клик тука