Дизајнирај за Меси!

Суперзвездата на Барселона, Лео Меси побара од своите фанови да ги дизјанираат неговите најнови копачки. Меси ја предизвикува креативноста на фудбалските навивачи да креираат уникатен дизајн на неговите Адидас Адизеро F50 копачки кои имаат вграден чип во ѓонот за следење на секој чекор.

25 годишниот Меси, за кој се шпекулира дека наредната година ќе лансира сопствен бренд на копачки, ќе го претстави новиот дизајн креиран од своите фанови во декември. На твитер и фејсбук веќе пристигнуваат предлози, боите на новите копачки на Меси да бидат во знакот на Аргентина или фудбалскиот тим Барселона.

Во фудбалот вие се изразувате себе си преку нозете. Знаејќи дека вашите копачки се единствени ве прави да се чувствувате посебно и ве тера да играте со повеќе самодоверба. Возбуден сум да видам што моите фанови ќе дизјанираат за мене и едвај чекам да играм со нив, вели Меси.

Почнувајќи од 24 октомври, навивачите ќе можат да ги пријавуваат своите креации за копачките на Меси со посета на новиот miadidas конфигуратор во www.miadidas.com