ПРЕКРАСНИОТ ТАСОС
Диши под вода
Да се затоплиме малку од времево кое ниту снег ниту сонце ни носи. Уживанција во подводниот свет на Тасос и 40-те видови суштества кои живеат во него.
Ова МиниФилмче е уште една убава збирка на клипчиња од убавите и бистри води на преубавиот и зелен грчки остров Тасос. Збирката е направена летово во период од неколку дена каде и покрај лошото време и бранови на некои места, под вода е сè така мирно и спокојно.
Уживањето преминува граници кога би можел да си поседиш малце во вода и да си поиграш со животинчињата кои живеат во неа. Убави риби, медузи, ракови, сунѓери, ежови и октоподи го преплавуваат овој остров и може да се најде сè на едно место.
Убав избор за одмор и релаксација, а од друга страна исполнет со места за планинарење, возење на велосипед, трчање, пливање и уште што се НЕ. Островот е блиску во споредба со најпосетените Грчки острови, и не тепа по џебот како некои негови конкуренти.
Препорака до сите кои се заинтересирани да го погледаат ова МиниФилмче е да одвојат малку време да го изгледаат цело бидејќи ништо не се повторува, а има убави работи кои не треба да се пропуштат.
УЖИВАЈТЕ И ВИЕ, КАКО ШТО УЖИВАВМЕ НИЕ. 🙂