Директорите што трчаат водат појаки фирми

Компаниите водени од генерални директори што имаат на било каков начин активен животен стил, статистички е докажано дека се со поголема вредност од останатите кои единствено маратонски седат на фотелјата.

 

Хипотезата поставена од неколку германски финансиски експерти била дека оние директори кои наоѓаат време за вежбање и спортски активности би требало да имаат подобрени работни квалитети во однос на останатите поради позитивните ефекти од вежбањето.

За да се испита оваа претпоставка тие направија поголемо статистичко испитување каде што индикатор за солидна фитнес форма на директорите беше земено трчањето т.е. завршените  полу/маратони во одреден временски период поради тоа што спортот што е достапен, лесен за практикување и многу погоден за луѓе кои се доста зафатени.

Резултатите на повеќе од 2,500 директори покажаа дека оние кои активно трчаат водат фирми кои имаат од 5 до 10% поголема вредност од оние кои не вежбаат или се многу слабо активни. Оваа корелација особено се зголемувала кога во прашање биле постарата група на директори (50 па нагоре) т.е. тие фирми биле и за 10% повредни на пазарот.


Ако ве интересира како да го: Зголемите профитот преку вежбањето


“Поради неутрализирањето на стресот, позитивните ефекти на когнитивните функции и подобрување на контролата на работа и работните перформанси, фитнес нивото игра важна улога за директорите чија што работа е карактеризирана со високо-фрекфентни промени, важни и тешки одлуки зачинети со медиумски притисоци и високо ниво на стрес” – гласи заклучокот на истражувачите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија