Диоди на бордање

Ова нешто да ти се избаци покрај прозорот на викендицата навечер ќе останеш стаписан и пребледен. Ко некој џедај да лебди на паудер. Јака спојка на ноќно бордање со носење на специјално дизајниран костум од LED (диоди кои емитираат светлина). Идејата е на фотографот Јакоб Сутон, џедајот е Вилијамс Хјус, а костумот е на Џон Спачер сето тоа спакувано во краткометражниот L.E.D Surfer.