Дани Арнолд – нов рекорд на северната стена на Гранд Жорас
На 27 јули оваа година, швајцарскиот алпинист Дани Арнолд успеа да постави нов рекорд на насоката Касин – северната стена на Гранд Жорас во монбланскиот масив.
Дани Арнолд e швајцарски алпинист кој во еден од неговите проекти беше во обид да направи соло брзински искачувања на трите најпознати и најголеми алпски северни стени – Матерхорн, Ајгер и Гранд Жорас.
Во претходните години тој успеа да направи брзинско искачување на првите два – рекордот на Матерхорн е актуелен, а оној на Ајгер од 2011 година беше подобрен од Ули Штек. Ова лето тој успеа да го комплетира проектот со што ја искачи 1200-метарската насока „Касин” на северната страна од Гранд Жорас за 2 часа и 4 минути.