Ден без лифт – 26.04.2017

На 26.04.2017 година се обележуваше Ден без лифт во цела Европа, како дел од кампањата #NowWeMOve на Интернационалната асоцијација за спорт и култура. Невладината организација ТАКТ ја спроведе оваа иницијатива во Македонија, со поддршка од Федерацијата за рекреативен спорт и со помош на волонтери од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

59% од населението во Европа е ретко или никогаш не е физички активно (Евробарометар 2014). Состојбата во Македонија е уште позагрижувачка. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), недостатокот на физичка активност е дури поголема опасност за нашето здравје од пушењето, а физичката неактивност е четврт водечки фактор на ризик за глобалната смртност.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија