Ден 2, Пиера Мента, најголемата трка во ски – алпинизам во Ареш (Фр)

Денес за појадок имавме 2000 и нешто метри висинска разлика качување и уште толку спуштање на скии.

Вкупно се искачуваа 4 врвови/премини меѓу кои и стрмни кулуари, а снежнните услови беа перфектни за скијање. Поздрав до победниците и на вториот ден од трката: незаменливите Килиан Жорнет и Матео Жакемо, до останатите храбри натпреварувачи, а секако и до нас поддржувачите кои без малку ја истеравме истата траса.