Австриецот со ново искачување во Алпите

Давид Лама иссолира нова насока

Давид Лама направи првенствено искачување во Цилерталските Алпи.

Австриецот Давид Лама на 8 декември 2013 година иссолира нова зимска насока во Зилерталските Алпи. И покрај тоа што Лама изјави дека „насоката не е нешто посебно”, ова искачување е импресивно за било кој алпинист. Новата насока на Лама, која ја нарече „Nordverschneidung” („Северен Жлеб”) е мешавина од мраз WI 4, комбинација (микс) М 4/5 и ронлива алпска карпа со тежина VI+/VII- и се движи 400 m по Северната Стена на Хохе Кирхе (Hoche Kirche) во регионот на долината Валзер во Цилерталските Алпи, Австрија.

Уште поодушевувачко е дека Лама ја качи насоката сам, во најголемиот дел без јаже. Наоѓајќи го правецот низ 90°-скиот мраз и „лесната” комбинација, по околу 200 m Лама го извади јажето. Клучниот дел, според изјавите на Лама, се состои од четири „сложени” цугови во карпа.

  • „Карпата не е баш најдобра, беше тешко да се осигурам и качувањето со дерези на сувата карпа беше некако нестабилно.” вели Давид Лама.

По клучниот дел, Лама иссолира 100 m до врвот, се напил чај, и потоа се спуштил со своите скии по Северниот Гребен на планината. Лама стигнал до својот автомобил по шест и пол часа алпинистичко качување при температури и до -10°C. „Оваа долина е позната како фрижидерот во Северен Тирол. И тоа со причина.”

  • „Како што кажав, не е ништо посебно” изјави Лама. „Но ова е нешто што отсекогаш сакав да го качам и секако е најлесната, најлогична линија по Северната Стена”.

Фото: Давид Лама