Наслов

Еден секојдневен Дански ски центар

Иако се од Данска тие се палат на Алпите, па решиле преку градење на архитектонско здание како од иднината да ги донесат Алпите некаде во Данска. Зошто да не?!

Данската травел агенција Danski планира да ја изгради најголемата скијачка купола која ќе има изглед на гигантска снегулка. Проектот се вика Skidome Denmark, а архитектонското здание треба да се изгради некаде во североисточна Данска во градот Рандерс. Предвидени се три големи лакови кои ќе се издигнуваат над реката и ќе бидат конектирани во средишниот дел, а на истите ќе бидат изградени скијачки падини со должина од три километри.

Секој од лаковите на футуристичката купола ќе бидат долги 700 метри, а највисокиот ќе биде поставен на 110 метри над земјата. Вкупно се предвидени шест затворени и две отворени скијачки падини. Но, и овие затворениве на некој начин ќе бидат во комуникација со надворешноста бидејќи ќе бидат изградени со перфорирани ѕидови.

Топографијата на падините ќе биде копија на францускиот ски ресорт Alpe D'Huez, и скијањето е предвидено да биде на природен снег. Сè на сè центарот ќе нуди 70,000 квадрати површина за скијање на која ќе бидат поставени различни по тежина скијачки патеки. Средниот лак треба да биде формиран како урбано игралиште на кое ќе има простор за скејтери, и BMX возачи. Нормално дека се предвидени и хотели и ресторани во сето ова.

Всушност, самиот дизајн на центарот ќе му даде потполно нова димензија на градот, а ќе учествува и во олеснување на јавниот транспорт бидејќи ќе ги поврзува двата дела од градот кои се одделени со реката.

09 Јануари 2013

За авторот