Прва македонска авантуристичка трка

Дали сте подготвени за авантура?

Поттикнати од зголемениот број на спортисти и реакративци, решивме на време да Ве известиме за да си се подготвите за еден летен авантуристички и натпреварувачки предизвик кој ќе се одржи наредната година.

Станува збор за тридневен, целодневен мешан спортски настан во кој ќе се учествува во тимови (мажи/жени и мажи/мажи) со главна цел да бидете првиот тим кој ќе стигне на крајната целна линија. Ќе имате можност да ги искористите Вашите ориентациски способности, бидејќи навигациските одлуки ќе бидат оставени на Вас како тимови, ќе имате само мапи и правци кои ќе Ви покажат која е вашата следна задача.

Интересно нели?

Macedonia adventure race е шанса за сите кои сакаат да се предизвикаат себеси. Статистиката кажува дека помалку од четвртина од учесниците успеваат да ја завршат трката од „прва” и тоа е еден степен поголема возбуда и предизвик. Нашиот тим е уверен дека оваа статистика ќе ја промениме заедно 🙂

Мислевме да Ве оставиме да размислите за тоа какви се спортски дисциплини и предизвици ќе бидат вклучени, ама работава не за размислување туку треба да започнете да се подготвувате. И тоа: трчајте и на рамно и на планина, возете друмски или офроуд велосипед, пливајте, качете се на по некое јаже, можете слободно да се пробате и на карпа и на крај почестете се со некој силов тренинг!

Сите дополнителни информации како што се: исцртани стази, конкретни спортски задачи и правила, награди, начин на учество, формирање на тимови и други информации ќе бидат објавени на:

www.adventurerace.mk – (сајтот моментално e во изработка, но штом стартува ќе ги има сите информации) 

ТУКА

и на FB Event: Macedonian Adventure Race

Се надеваме дека добивте барем малку претстава што ќе се случува во Струмица на 13, 14, 15 и 16 август 2015 година и дека за миг го задржавме Вашето внимание.

 

Спортски поздрав!

Ориентационен клуб „Еделвајс“ Струмица
Ориентационен клуб „Бубало“ Скопје