Дали Најки ја купи американската атлетика?

Атлетската федерација на САД и гигантот за спортска опрема Најки изминатава недела потпишаа параф за спонзорство вредно 500 милиони долари и во времетраење до 2040 година. Во продолжение се поставува прашањето од насловот..

Иако помеѓу овие две странки постои партнерство уште од 1991 година, и иако во 2009 година тие потпишаа договор за спонзорство во вредност од 10 милиони годишно и во времетраење до 2017 година, Најки и USATF (USA Track & Field) додатно ја утврдија соработката до 2040-тата година на уште поневеројатна бројка. 

Според извори од ESPN.com се верува дека новиот, досега најдолг и највреден спонзорски договор на Најк се движи некаде од 450 до 500 милиони долари во кеш и опрема. 

Но, додека одредени лица велат дека новиот договор ќе донесе голем плус за американската атлетика од аспект на финансии и опрема, други велат дека со ова компанијата добива премногу моќ над брендирањето и маркетингот на сите спортови кои спаѓаат во федерацијата. 

Имено, со новиот договор сите атлети од различните спортски дисциплини кои спаѓаат под раководството на USATF се обврзани да носат облека од брендот на сите интернационални и домашни натпреварувања, а ова значи дека нивните засебни спонзорски договори (со исклучок на обувките кои можат да ги менуваат) паѓаат во вода.

Покрај негодувањето, завидната финансиска инјекција во спортот ќе биде од огромна помош за спортистите и целата заедница, а со ова ќе се овозможи и додатно експандирање на програмите за работа, вели Џил Гир, портпаролот на USATF.

Nike running е еден од најбрзо растечките делови од брендот, а во 2013 компанијата направи годишен обрт од 4,2 милијарди долари преку овој сегмент. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија