Дакар де пута мадре

Седма етапа на најзезнатото рели на светот коешто откако беше преместено од Африка во Јужна Америка стана уште позезнато. Две „летачки“ несреќи една за друга во категорија автомобили каде што за среќа никој не е повреден, а за уште поголема среќа ги има снимено овој сериџија, пута мадре. 

Прв (до врв) влетува Аргентинецот Хуан Мануел Силва кој го лансира неговото „мерцедесче“ на тумбање. Гледачите трчаат кон возилото за да го превртат од неговиот покрив кога ете ти го на истата тумба и Метју Кембел со неговиот автомобил на нешто слично, само со плус малку оган.

Во овогодинашното прво полувреме (први седум етапи) од најтешкото рели на светот се откажаа повеќе од половина натпреварувачи. Принудно трката ја завршија повеќе од 220 тимови од 406 пријавени.

Сета среќа што никој од погорната незгода не беше повреден.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија