Да, со врзани очи

Ник Валенда викендов успеа да направи два неверојатни рекорди во одење по жица, а во едниот од нив тој покажа дека за добар баланс не ви е потребен визуелен контакт, потребно ви е многу тренинг.

Ник Валенда е седма генерација на каскадери во неговата фамилија кои се познати по циркуските настапи, а досега тој има направено бројни потфати кои го претставуваат врвот на овој екстремен спорт. Овој викенд, тој успеа да наниже уште два рекорди во неговото резиме откако успешно ги заврши префрлањата од еден до друг облакодер во Чикаго. 

Во првото, тој го постави рекордот за одење (искачување) по жица која има досега најстрмен агол од 19 степени без обезбедување. Првично, договорот бил жицата да биде наместена на 15 степени, но близу пред почетокот тој се одлучил за нешто пострмно. Должината меѓу облакодерите тој ја изоди 6 минути и 52 секунди. 

Вториот рекорд кој беше далеку пострашен е минување на жицата која беше поставена на 152 метри од реката во Чикаго со врзани очи, и „нормално“ без обезбедување. Овој потфат тој го заврши за многу побрзо време од 1 минута и 17 секунди. 

Видеото можете да го погледнете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија