УНИВЕРЗАЛЦИ СО ДВАЈЦА ГЕРМАНЦИ И ТРОЈЦА МАКЕДОНЦИ ЌЕ АТАКУВА НА ДРЖАВНОТО

Наслов

Цубалевски со силен состав ќе атакува на државното првенство

На 20 и 21 октомври во Куманово ќе се одржи 29-то државно првенство во бокс на Република Македонија. 

За да ја оствариме нашата цел, најдобри меѓу најдобрите „Универзалци" ќе атакуваат со Германците: Илхан Озмен и Ајхан Озмен кои Република Македонија ја претставија во одлично светло на светскиот куп на нации. Во составот на „Универзалци" се и Борјан Јаноски и Филип Зивосовски кои се непобедливи во првата Македонска лига и кои по шест одржани кола немаат ниту еден пораз . А како најискусен и боите на „Универзалци" ќе ги брани и државниот првак на Македонија - Марко Стојаноски!!!

Тренерот Васко Цубалевски верува во својот тим и се надева на  златни медали.

15 Октомври 2018

За авторот