“Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности” подготвителна работилница

Минатиот викенд, од 17 до 19 мај во Струга, се оддржа ЦКА- ПХВ подготвителна работилница, втора по ред оваа година.

На истата присуствуваа дваесетина ЦКА-ПХВ инструктори кои имаа за цел да ги прегледаат, евалуираат и оценат сите 150 мали проекти кои беа изработени од страна на овогодишната ЦКА-ПХВ генерација. Секој проект беше прегледуван од страна на двајца иснтуктори а заради добрите резултати, голем број на проекти беа презентирани пленарно пред целиот тим.

Целиот процес е многу инспиративен особено што некои младинци навистина направија големи и трајни промени во нивните заедници. Особена е важна нивната видливост во средините како и промоција која беше направен заради амблемот и организацијата. Покрај сработеното и зајакнување на капацитетите на тимот, беше организиран и заеднички ифтар преку кој членовите на тимот имаа уште повеќе можности да се запознаат со културата, обичаатите на инструктори од муслиманска вероисповест а сето ова е во духот на ЦКА-ПХВ програма која промовира мир, толеранција и соживот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија