CrossFit Hopper Challenge

Кросфит Скопје на натпревар во Ниш

Викендов, на 27 Април 2014 година во организација на Фитнес Револуција од Ниш се одржа Кросфит натпреварување во кое Кросфит Скопје зема активно учество како коорганизатор, почесни гости и со натпреварувачи. Учество на овој натпревар земаа 37 учесници од различни градови во Србија во две категории, мажи и жени.

Основата на натпреварувањето беше Hopper Challenge или „Предизвик на Барабанот”. Што значи ова? Барабанот е еден од моделите врз кои се базира Кросфит. Основата на Кросфитот е да си подготвен за сите физички предизвици на било кои место во било кое време. Затоа ние во нашиот Барабан ги ставивме сите вежби од Олимписко кревање на тегови, Гимнастика и Кардоваскуларни вежби и почнавме да го вртиме Барабанот…..

За Првата вежба беа извлечени 800 м. трчање од кардио вежбите и „Мечкин Комплекс” од Олимписко кревање на тегови.

Вежбата изгледаше вака:

За време направете:
7 х Виско Подигнување (Power Clean), Преден Чучањ (Front Squat), Туркање со кип (Push Press), Заден Чучањ (Back Squat), Туркање со кип позади глава (Push Press behind the neck) со 60кг

800м

7 х Виско Подигнување (Power Clean), Преден Чучањ (Front Squat), Туркање со кип (Push Press), Заден Чучањ (Back Squat), Туркање со кип позади глава (Push Press behind the neck) со 60кг
800м

7 х Виско Подигнување (Power Clean), Преден Чучањ (Front Squat), Туркање со кип (Push Press), Заден Чучањ (Back Squat), Туркање со кип позади глава (Push Press behind the neck) со 60кг


 

 

По вежбата следуваше заслужена пауза и подготовка за следната вежба.

Во второто влечење на вежбите од Барабанот ги извлековме следните вежби: Склекови од Стој на раце, Згибови со гради на шипка, Спуштања на Карики, Прсти на шипка.

Вежбата изгледаше вака:

За време направете:
6 х Склекови од стој на раце (Handstand Push Ups)
9 х Згибови со гради на шипка (Chest to bar Pull Ups)
12 х Спуштања на карики (Ring Dips)
15 х Прсти на шипка (Toes to Bar)

Во таа жестока конкуренција, првите две места ги земаа српските натпреваруачи, додека нашиот Жарко Батиќ го освои 3-то место.

Го анализиравме натпреварот и научивме многу работи. Ќе ги издвојам клучните.

– Добрите резултати доаѓаат само со напорна работа,
– Нема оправдувања за нетренирање,
– Техниката при движењата во вежбите го обезбедува континуитетот, а континуитетот во техниката ја обезбедува брзината, а брзината го обезбедува 1-то место,
– Човекот се учи додка е жив, а ние додадовме „само ако сака”,
– Ние не се натпреваруваме со останатите, туку се натпреваруваме со самите себе. Да бидеме подобри од претходниот ден,
– Не постои претренираност, постои несоодветна програма,
– Секогаш ќе го даваме нашиот максимум.

Ние не зборуваме туку го докажуваме нашиот Фитнес, а вие?