Наслов

„Цигла“ што може живот да ти спаси

Да бидеме искрени, телефончево е далеку помало и полесно од оние 3310 циглите што беа секојдневие пред неколку години, а навистина има можност да ви го спаси газот ако заглавите во дивина (*во Америка) многу повеќе од секојдневниве смартфони. 

*пред да почнете да читате да ја појасниме ѕвездичката - Телефонот работи на мрежата AT&T која е достапна на ниво на цела Америка, но не и надвор од неа. 

Се вика SpareOne и претставува телефон за итни случаеви кој работи единствено на две АА батерии. Тој е единствениот телефон на светот што работи на ваков тип на батерии а тоа си има сопствени предности кога во прашање се итните случаеви. 

Телефонот е искочен на пазар уште пред две години но денеска моделот има своја нова верзија која работи на 3Г мрежите што значи и поширока употребливост со мобилните операторите кои се повеќе се префрлаат на овој тип на мрежи. 

Истиот е многу едноставно граден, на него има копче за итни случаеви кое испраќа СОС информација до провајдерот, а може и да се прават јавувања на други мрежи. Телефонот не поседува СМС функција. Со еден пар батерии, вон функција тој може да ви седи во ранец до 15 години а во режим на зборување тие траат 10 часа. 

Она што е многу важно е големата разлика во температурата на која може да функционира телефонот која е многу поголема од онаа на денешните смартфони. Телефонот има опсег на температура на функционирање од -30 до 60 Целзиусови степени што го прави многу поиздржлив и достапен во тешките временски услови.  

Моментално телефонот се продава на интернет по цена од 60 долари но потребно е и купување на кредит од 25 долари за 120 минути зборување на мрежата на AT&T која е на ниво на САД.

Додека сме кај муабетов, прочитајте нешто повеќе за користењето на мобилните телефони во планина каде е вметната и мапа на мрежна покриеност на Македонија

17 Ноември 2015

За авторот