Чупино треил – нова планинска трка во густите шуми на Плачковица

На почетокот на септември, Виница и Плачковица за прв пат ќе бидат домаќини на настан во планинско трчање кој со своите две трки ќе ја постави Виница и источниот крај на Македонија на националната мапа на планински трки. 

Настанот „Чупино Треил 2018” е закажан за 2 септември оваа година кога ќе се одржат две трки со различни должини на падините на Плачковица. Натпреварувачите ќе имаат можност да одберат пократка трка 

„Бумбарска треил” е пократката трка во настанот која треба да е предизвик за почетници во планинското трчање. Патеката е долга 13 километри со 800 метри висинска разлика (качување и спуштање). Истата стартува од градскиот парк во Виница, оди до раскрсницата за селото Липец, па до чешмата Бумбарска. Оттука, натпреварувачите ќе се упатата кон селото Градец па преку Шипоко и Виничкото Кале ќе финишираат повторно во градот. 

Поголемиот планински предизвик е трката „Чупино Треил” која има должина од 30 километри со 1800 метри висинска разлика. Таа минува низ селата Липец и Блатец за потоа да се упати кон стрмно искачување до врвот Чупино Брдо 1725 м.н.в. 

Попатно, натпреварувачите може да се воодушевуваат на прекрасните погледи на Осогово, Кадиица, Пирин, Рила, Беласица, Кожув, Јабланица, Шар Планина, и ако имате среќа на убав чист сончев ден ќе го видите и Митикас, Грција.

Од Чупино, патеката се спушта југо-западно по сртот до Алтитекне па следи селото Градец. Од тука следува уште едно искачување до Шипоко за на крај добивате прекрасното спуштање до Виничкото Кале и до градскиот парк каде што ќе биде и Целта на трката. 

Пријавувањето е веќе отворено на следниот линк, а веб-сајтот ги содржи сите дополнителни информации за трката. Организатори се The Running Squad од Виница заедно со поддршка од Општина Виница и локалните компании. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија