Човекот што го извозе Тур де Франс на Пони

Во период кога голем број на професионални велосипедисти од разни клубови со своите изгор скапи точаци фанатично вртеа кон жолтата маичка на Тур де Франс, типов од Англија возеше позади нив со своето Пони. А главната порака која сакаше да ја остави е токму таа – дека не ти се потребни скапи играчки и машини за да бидеш физички активен и да се грижиш за своето здравје.

Дејв Симс е 36-годишниот Англичанец кој оваа година не успеа баш да го стигне пелотонот на 102-то издание на Тур де Франс, но сепак успеа приближно да ја извози 2000 и нешто долгата траса на најтешката велосипедска трка на светот единствено со неговото мало точаче марка „Рели Чопер” кое неверојатно потсеќа на нашите детски „Пони” велосипеди со една мала разлика во нееднаквоста на тркалата. 

Дејв работи како персонален тренер во Саутпорт, а оваа година тој се нафати да го изведе овој сериозно тежок предизвик со една цел – да докаже дека на човек не му се потребни неверојатно скапи опреми, играчки и машини за да биде физички редовно активен и да води здрав животен стил. 

За време на оваа авантура на која тој го следеше Тур-от Симс потроши 117 часа на малото точаче и успеа да извози 2000 километри низ 18 етапи со надеж дека ќе собере 5000 фунти за хуманитарни цели во фондацијата Help the Heroes, за воени инвалиди. Досега тој има собрано 8500 фунти. 

Интересно е тоа што Дејв имал повреда на околу 14тата етапа но добил помош од спортскиот лекар на тимот Скај чии возач Крис Фрум го освои Тур де Франс оваа година. 

А за тоа време, Слободан Трајковски и Теодор Неделковски го возеа петтото издание на Македонската Тур де Франс Експедиција во траење од 14 дена минати целосно на велосипед. Повеќе за тоа на #МТДФЕ

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија