Чистота на квадрат

Додека Скопје, Битола, Тетово и останатите претерано урбанизирани ќошиња од државава се гушат во катастрофално загадување, некој отишол на планина за да дише и се движи по оваа чистота. Ова е само мала мотивација од нас за вашиот претстоен викенд избор. Што повеќе на планина, тоа подобро…

Видеото е снимено на Татрите, планински масив во Полска и Словачка (ова конкретно е во Словачка), а типците одат по најчистото нешто што досега сте го виделе. Мраз, изваден директно од длабокиот замрзнувач на планетата земја.

Не се колебајте за следниов викенд. Урбаните места особено во овој период се страшно загадени, па одете на клеточно викенд прочистување на било која планина во нашава прекрасна земја.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија