си немал волкот работа па ги броел овците

Чили “тајна” на Кими

Тимот за односи со јавност на Лотус Ф1 повторно ги изненади своите фанови со уште една карикатура од CIREBOX во која ја открија “тајната формула” за брзината на болидот на Раиконен.

Финецот Кими Раиконен посакува титула со Лотус во Ф1 шампионатот оваа година, а за таа цел прави се што може за да стигне до истата.
Конзумирањето на голема количина на чили (пиперки) му овозможува дополнителни коњски сили и благодарение на истите сеуште е во игра за првото место во генералниот шампионат
Како и да е, шега повеќе или помалку покрај Ред Бул и Ферари оваа година кај пилотите и Лотус може да се пофали со добри резултати. Фетел, Алонсо па Кими е редоследот на табелата кој можеби и ќе се промени доколку Фернандо или Себастијан ја искористат „чили шемата” на Финецот од Лотус.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија