Наслов

Четврто издание на Струмина Треил

На 19.11 оваа недела, во околината на градот Штип се одржа четвртото издание на трката во планинско трчање Струмина Треил.

Оваа година присуството на натпреварувачи беше најмасовно со 106 луѓе кои стартуваа и ја финишираа 18,5-километри долгата патека минувајќи низ повеќе штипски чешми важни за околината - Струмина чешма, Љупчова чешма и Куртбунар. 

Победници во машка конкуренција се: Александар Стојкоски на прво место со време од 1:25:03, втор Александар Кирковски 1:27:55, трет Филип Симоновски 1:34:30. Важно е да се напомене дека времињата на првите двајца натпреварувачи во машка конкуренција се подобри од минатогодишниот рекорд, со што сегашниот рекорд на оваа патека е времето кое го постави Александар Стојкоски. 

Во женска конкуренција, пак, прва беше Благица Јованова 1:51:33, втора Мери Мирческа 1:57:32, а трета Сања Најдовски 1:59:21. Резултатот на Благица е новиот рекорд на патеката во женска конкуренција. 

Трката помина во одлични услови каде без поголеми поблеми финишираа сите учесници. 

Целосната листа на резултати можете да ја видите тука

20 Ноември 2017

За авторот