Цената на животот на еден Шерпа

Најсмртоносниот ден во историјата на Еверест ги зема животите на 16 Шерпаси во еден момент. И да, има нешто што треба да се превземе околу ова.

 

На 17-ти април 2014 година во околу 6:30 часот по локално време по западното крило на Еверест се откачи лавина која ги зема животите на 16 луѓе. За секој што е запознаен со качувањето на Еверест, најверојатно не е ништо изненадувачки што сите овие луѓе беа шерпаски носачи. Тие се работната сила на Еверест, буквално `рбетот на качувачката индустрија. Луѓето кои што биле затекнати од лавината или носеле 30-40 кг. товар до камп 1 и 2, или се враќале накај Базниот камп. Без нивната помош, во голема мера ќе биде невозможно за Американците и Европејците со малку над просечна физиологија и многу над просечна плата за трошење да се качат на највисоката планина на светот.

Сè повеќе, врвот на авантуристичкиот туризам, Еверест, доаѓа со многу висока цена на чинење. Во августовското издание 2013 година напишав сторија насловена како “Disposable Man” во врска со честите загинувања на Шерпасите на Еверест. Оваа пак лавина беше најстрашната несреќа во историјата на планината. На ова додадете ја смртта на Шерпа Мингма Тензинг на 2-ри април кој работеше за експедицијата Peak Freaks, како и најмалку дузина сериозно повредени од лавината и 2014 година отстапува како најкрвавата година во историјата на Еверест, а сета трагедија се има случено пред експедицијата за качување воопшто да стапне на планината.

Да, нешто мора да се направи.

Нема сомневање дека работата на водичите и носачите на Еверест е полна со етички прашања, но затворањето на индустријата би ги разгневило клиентите, спонзорите и пред сè самите Шерпаси. Тие би ги изгубиле работните места кои се платени од 2000 до 6000 долари на сезона, во држава каде просечната годишна плата е 540 долари. Доколку, да речеме, еден процент од Американските рафтинг или ски инструктори умираат на нивното работно место, зборувам од процент од морталитетот на Шерпасите на Еверест, тогаш инструкторската индустрија ќе исчезне. Но, хималајското качување се смета за екстремно опасно и луѓето кои ја играат играта сè уште се закачени на неговите романтични корени како истражување наместо за неговиот сегашен статус како рекреативен туризам.

Одговорот не лежи во намалување или запирање на бизнисот на Еверест, решението е во зголемување на цената на чинење на шерпаскиот живот. Затоа што сега, без разлика што сите чувствуваат во срцето, индустријата јасно го вреднува животот на планината на следен начин: Клиенти на врвот, Шерпаси на дното.

Сакате да знаете колку чини животот на еден Шерпа? Прегледајте ги бројките во мојот извештај од минатата година: помали плати, помали стандарди за осигурување, помало осигурително покривање при несреќи. И можеби најважното, времето кое Шерпасите го поминуваат на опасниот Кумбу замрзнат водопад и на Лхотце, носејќи товар доминантно од западни експедиции за клиентите да можат да пристигнат свежи и со минимално изложување на опасностите од планината. Неколку организации направија храбри напори за обука на Шерпасите на најновите качувачки, спасителни и прва-помош техники преку разни проекти, но опасноста на планината останува тука.

Минатиот јуни непалската влада објави дека двојно ќе го зголеми осигурувањето на високогорските носачи на 11,000 долари. Но за полиса од околу 200 долари, најмалку една приватна осигурителна компанија од Катманду ќе ги покрие Шерпасите со околу 23,000 долари. Дури и тоа е малку за да се покрие загубата. Она што останува е мрежа на хуманитарни организации преку кои некои од фамилиите добиваат помош од некои од качувачите, но тоа се само дел.

Промената која јас би сакал за почеток да ја видам е онаму каде што спонзорските компании на експедициите опишуваат што им се случило на луѓето преку зборови кои се кажани напамет. Типичен пост на еден од вебсајтовите на една експедиција следи предвидлива шема, како овој од порано во месецов: „Нашиот тим е обземен со тага. Нашите молитви одат до фамилиите кои минуваат низ екстремно тежок период…“ Но после тагата треба да се сфати огромната одговорност која е врзана за најмувањето некого на вака опасна работа.

Во печатот, најмногу како лош превод на англиски, починатите се реферирани како Шерпа „водачи“. Генерално тоа е грешна титула за мажите, и некоја жена, кои секој ден ги наметнуваат рамките на рамената и носат залихи за клиентелата која плаќа.

Како што водачите и Шерпасите се будат утрово во Непал, тие ќе се посветат на наоѓање на преостанатите тела. Тие ќе бараат со часови, со лопати в раце над истиот мраз кои што ги уби нивните пријатели. Будистичката традиција е строга за брзото кремирање на телото како починатиот би нашол на брза реинкарнација.

Во деновите што доаѓаат ќе има 16 различни Pūjā погребни церемонии, најмногу од нив во малите селца во долината Кумбу. Во секое од селата има по некоја куќа која што тагува по некој човек. Нивните фотографии, најчесто избледени, каде се смешкаат и стојат на врвот на светот се` уште се обесени за посетителите. Сега ќе има 16 повеќе.

Текст на Грејсон Шафер

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија