Цело Скопје на нозе и тркала за Прв до врв 2015 (видео)
Активно Скопје во недела на 24.05.15 беше построено на стартната линија во подножјето на Водно, причина Прв до Врв, настан кој го дава пулсот на спортско рекреативно Водно. Честитки до Победниците и секоја чест на тие што стигнаа горе..Прв Врв, втор мотор, трет балет… п.с. Браво за организаторите.
И оваа година под мотото “Сите на Водно” повеќе илјади Скопјани, но и учесници од другите градови во државата и гости од странство, се натпреваруваа кој ќе стигне најбрзо до врвот на скопската планина преку трките во планинско трчање, друмски и планински велосипедизам.
Настанот започна со масовни стартови на трките. Најпрво во 9 часот велосипедистите стартуваа од пред Музејот на град Скопје, па преку т.н. летечки старт од ОУ Кочо Рацин ја започнаа битката со угорнините на Водно до целта на врвот. Половина час подоцна планинарите стартуваа од училиштето Кочо Рацин во подножјето на скопската планина. Водно беше под инвазија од колони и групи од велосипедисти и пешаци кои на целта ги чекаше олимпискиот излет со музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.
Резултати за трка во планинско трчање за жени
место број име време
1 2106 Росица Костова 0:42:29
2 2277 Marija Stojanovska 0:42:44
3 2267 Сања Костуранова 0:44:18
Резултати за трка во планинско трчање за мажи
место број име време
1 2057 Steffen Uebel 0:32:06
2 2321 Атанас Анчевски 0:33:26
3 2398 Kokan Ajanovski 0:35:38
Резултати за трка во друмски велосипедизам за жени
место број име време
1 1259 Karin Pidel 01:03:15.257
2 1278 Елена Зисовска 01:24:10.990
Резултати за трка во друмски велосипедизам за мажи
место број име време
1 1287 Стефан Петровски 00:37:15.176
2 1059 Никола Ѓукиќ 00:37:16.280
3 1246 Goran Kuzmanovski 00:38:02.893
Резултати за трка во планински велосипедизам за жени
место број име време
1 1270 Sanja Nikolovska 01:10:46.112
2 1128 Sanja Miloradovic 01:14:16.495
3 1184 Lidija Stojanoska Matjanoska 01:14:17.129
Резултати за трка во планински велосипедизам за мажи
место број име време
1 1291 Denis Kolevski 00:41:21.646
2 1286 Иван Бачовски 00:47:14.226
3 1113 Icko Dimitrievski 00:50:45.257
Евентуалните приговори и забелешки испратете ги на [email protected]
Настанот го организираше здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на градот Скопје, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, ЈСП Скопје, Америт Македонија Сообраќај, Горска, Ред Бул, Пакомак и Алгасан.