Burger King ќе вади „поздрав“ помфрит

Во ерата кога Америка во голем дел се труди барем некако да ги намали бројките на дебелина кои константно растат, поготово кај децата, а на самите Американци како да не им чуе за сето ова, ланецот на фаст фуд ресторани Бургер Кинг на мени уфрла поздрав помфрит. За што се работи и дали ќе може идејата да запали?

Според еден од главните маркетинг директори на овој ланец, јадрото на бизнисот ќе си остане на старите добри бургери, помфрити и газирани, бидејќи во држава со така воспоставени хранителни навики многу тешко може да се пробијат навистина здравите опции на хранење. Но сепак, бидејќи времињата и побарувачката барем малку се менуваат, на менито мораше да има и поздрава опција. 

И за прв пат некој од овие фаст фуд фирми да исфрли ваков продукт. Помфритот кој сега за сега е основата на нездравиот начин на исхрана, компир длабоко пржен во масло кој содржи плафон количини на калории и какви не масти, да дојде во поздрава форма.

“Satisfries” се вика новиот помфрит кој според Бургер Кинг базирано на порција од 70 грама (мала порција) има 40 посто помалку масти и 30 посто помалку калории од стандардниот помфрит од конкуренцијата односно треба да содржи 6,3 грама на масти и 150 калории, за разлика од помфритот на МекДоналдс кој според нутриционистичкото мени има 11,4 грама на масти и огромни 227 калории. 

Од фирмата велат дека на биле потребни 10 години истражување правено на два континента за да се дојде до рецептот (одредено „лесно“ тесто во кои се пржи) како би можеле да се направи компирот помалку да апсорбира од мастите. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија