Бургас домаќин на Балканскиот куп во Триатлон
Македонскиот триатлон тим во состав..
- Сениори – Лука Гаревски, Никола Кутаноски
- Јуниор – Стефан Стојаноски
- Јуниорка – Верица Митреска
- Кадет – Цветко Митревски
..настапи на Балканскиот куп во Бургас Р.Бугарија каде сите учесници покажаа задоволителни резултати кои се во очекување да се објават на официјалниот сајт на бугарската триатлон федерација . На натпреварите учествуваа околу 200 натпреварувачи од околу 15 земји во силна конкуренција.
Организацијата беше одлична и на потребното ниво, а на Балканското првенство имаше и тројца меѓународни судии од Македонија.