Бујрум во планинарскиот дом Говедарница – село Жировница

Убави вести ни доаѓаат од долно-реканскиот предел, поточно од „базата” на Дешат планина. Над селото Жировница се отвори нов планинарски дом.

Планинарскиод дом Говедарница се наоѓа близу селото Жировница поточно на оддалеченост од 1 км на надморската висина е околу 1100 метри.Истиот е опремен со сите услови за престој: вода, струја, тоалет и кујна и моменталниот капацитет изнесува 10 легла со можност да се прошири. Исто така има и место за поставување на шатори во околина.

Домар е Даут Јашари, лиценциран планински водич од селото Жировница кој одлично го познава овој дел од планинскиот масив Кораб-Дешат-Крчин и кој може да ви помогне за било какви совети и насоки во околината. Од оваа локација пристапни се околу 15 врвови кои се над 2000мнв, а во околината достапни се и други природни убавини. 

 

контакт мејл – [email protected]

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија