Бугарските ултрамаратонци во поход на Ком-Емине

Набргу откако оваа недела Божидар Антонов успеа да го подобри 27 години стариот рекорд за најбрзо минување на планинската трансверзала Ком-Емине (најдолга во Бугарија и регионот), легендата Кирил Николов Дизела најавува негов повторен обид оваа година во кој сака да ја спушти 600 километарската делница за под 4 дена – колку и тоа невозможно да звучи. 

Минатата година во неговиот прв обид бугарскиот ултрамаратонец и ориентирец Кирил Николов Дизела не успеа да го сруши рекордот на Љубомир Палакарчев за најбрзо трчање и пешачење на најдолгата бугарска трансверсзала Ком-Емине.

Оваа трансверзала се протега по целото билото на Стара Планина т.е. од западната до источната граница на Бугарија во должина од 600 километри и со позитивна висинска разлика од 15000 метри и таа претставува најдолага непрекината планинарска трансверзала во Европа.

Во просек трансверзалата на нога се поминува за 22 дена пеш, но уште во 1987 година Палакарчев го постави најбрзото време за минување, 5 дена и 14 часа кое стоеше непроменето до ова лето. 

Ултрамаратонецот Божидар Антонов – Божо ова лето успеа да ја го подобри времето за четири часа т.е. да ја мине за 5 дена и 10 часа, нешто што не му успеа на Кирил Николов минатата година кој се откажа на 10 километри пред крајот откако му беше јасно дека нема да го сруши рекордот. 

Откако Божо ова лето го подобри рекордот, Николов на неговиот Фејсбук веднаш најави реванш на трансверзалата со што сака да ја мине за под 5 дена колку и лудо да звучи математиката позади желбата.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија